ЦСО Охрид нуди обука за сертифицирани градежни занаетчии во Германија! -пријавете се

- Локални
664

Средношколци од сите профили, барате иднина како сертифициран градежен занаетчија во Германија или практична и теоретска обука по германски стандарди?

Центарот за стручна обука (ЦСО) нуди обука и работа во Германија за завршени средношколци на возраст од 18 до 25 години:

Се нуди обука за кнауфери, плочкари, молери и фарбари, монтери на скелиња, обложувачи на подови, паркетари и фасадери.

Центарот за стручна обука nudi и бесплатен курс по германски до А2 ниво. Кандидатите по три години добиваат статус на сертифициран занаетчија по германски стандарди, признат во ЕУ.

Курсот започнува во септември и октомври и трае 6 месеци.

Дополнителни информации лично во агенцијата Пела во комплексот ЕМО, на телефон 046 263 160 или на маил адресата [email protected]

Strugaonline

Facebook Коментари