МЈП Проаква во акција за откиравање граѓани кои злоупотребуваат вода за пиење

- Локални
669

Денеска  во раните утрински часови продолжи акцијата предводена од Директорот Јетон Шаќири за откривање и спречување на злоупотреби на водата за пиење.

„Само во едно населено место беа откриени педесет куќи што ја злоупотребуваат водата за пиење. Да нагласиме дека против сите злоупотребувачи ќе бидат преземени мерки согласно закон и нема да се толерира ниту еден случај.“ – предупредуваат од МЈП Проаква.

Тимот на претпријатието апелира до граѓаните да не ја злоупотребуваат водата за пиење бидејќи, како што велат, така си штетат себе и на другите.

Strugaonline

фото: MЈП Проаква

 

Facebook Коментари