Дарко Каевски: Eдриличарскиот клуб „Снегар“ ќе биде целосно реконструиран и ќе блесне во нов сјај

- Локални
549

Aгенцијата за млади и спорт заедно со Едриличарската федерација пристапи во акција за целосна реконструкција на едриличарскиот клуб „Снегар“ што пред неколку седмици изгоре до темел . – Оваа убава вест денеска во изјава за медиумите ја потврди директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

„Верувам дека овој клуб повторно ќе го врати вистинскиот сјај, некаде за околу дваесеттина дена, најдоцна еден месец, повторно ќе биде ставен во  функција. Едно ново место кое ќе функционира уште подобро.  Граѓаните и спортистите кои учествуваа во граденњето на овој клуб, обновениот „Снегар“ ќе продолжат да го користат со уште поголем интензитет.“ -истакна Кавески

Тој додаде дека обновувањето на „Снегар“ е јасна порака не само за Општина Струга, туку и за цела Македонија, дека кога се случуваат вакви немили настани, државата е секогаш тука да го врати спортот во вистински сјај и да работи на спортската инфраструктура.

Каевски во своето обраќање упати апел до граѓаните, да се однесуваат грижливо со ваквите објекти за да нема немили настани во иднина.

Тој ја изрази својата убеденоста дека ќе има истрага за причините за пожарот во кој изгоре „Снегар“.

Каевски ги информираше граѓаните дека нема потреба да се донира за Снегар, односно дека целосната реконструкција ќе падне на товар на Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт донесе уште една добра вест, за Strugaonline тој изјави  дека документацијата за обнова на базенот во Струга веќе е во завршна фаза. До крајот на овој месец Владата ќе ја потврди информацијата за средствата кои Агенцијата за млади и спорт ќе ги одвои  за базенот.

Каевски најави дека до средината на наредниот месец ќе  започне интензивно да се работи на  изградба и тогаш ќе се знае крајниот датум кога базенот ќе биде ставен во функција.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари