Делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга положи свежо цвеќе кај Споменикот на револуцијата

- Локални
620
По повод 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор,
делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга предводена од претседателот Мирче Аџиоски, положи
свежо цвеќе на спомен плочата на Споменикот на револуцијата.
„На овој ден се поклонуваме пред нашите славни херои, за нивната безрезервна љубов кон
татковината и неизмерната храброст, со која го ослободија нашиот град од фашистите.
Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Струга!“ – порачуваат од партијата.
Strugaonline

Facebook Коментари