Денеска во Охрид забавно едукативен настан по повод Светскиот ден на водата

- Локални
85
Во рамките на одбележувањето на 22 март, Светскиот ден на водата, чиешто мото годинава е ВОДА ЗА МИР, Црвен крст Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, со поддршка на бројни еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид и Албанија, организираат забавно-едукативен настан што ќе се одржи денеска со почеток во 12:00 часот на на Градскиот плоштад Св. Климент Охридски во Охрид.
 Целта на организирањето на овој настан е да се истакне вредноста на Охридското езеро како најголем природен базен на питка вода што во услови на зголеменото влијание на климатските промени и порастот на населението, наметнува итна потреба, внатре и помеѓу двете земји, Албанија и С. Македонија, обединување и сериозен пристап околу заштита и зачувување на нашиот најскапоцен ресурс, Охридското езеро.-информираат организаторите.
Додаваат дека преку бројни едукативни материјали, презентации и забавни перформанси ќе се потенцира опасноста за Охридското езеро и неговиот екосистем од евентуалното одржување на настанот светско првенство во трка со чамци формула 1, F1H2O чамци, најавено за јули 2024 година на Охридското езеро во Поградец, Албанија.
 -Дојдете на градскиот плоштад за и од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за одбегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа. Да се обединиме околу водата и да ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина. – порачуваат организаторите.
Strugaonline

Facebook Коментари