Денеска во Струга премиера на биографски филм за животот на Џеј Рамадановски

- Локални
165
 Денеска со почеток во 18:00 ч. во НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се прикажува биографскиот филм за животот на Џеј Рамадановски „Недеља“. Цената на картите е 150 денари.
Филмот го носи името по неговата популарна песна „Недеља“, а го означува и денот на неговата смрт. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал.
„Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни стана дел од животот на многу луѓе.“
„Филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ. Актерската екипа ја сочинуваат Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Маша Ѓорѓевиќ, Милица Јаневски, Стојша Ољачиќ, Бајрам Северџан, Нела Михај и други“ – стои во описот на трејлерот.
Џеј почина на 56-годишна возраст во 2020 година, а како причина за смртта беше наведена срцева слабост.
Тој е роден во Белград, а потекнува од ромско семејство доселено од Македонија.
Strugaonline

Facebook Коментари