Денеска во Струга годишна конференција на Секретаријатот за европски прашања

- Локални, Македонија
698

Во хотелот „Изгрев“ во Струга, Секретаријатот за европски прашања денес ќе ја одржи годишната конференција „Заедно кон ѕвездите“.

Воведниот панел на конференцијата, насловен „Состојбата со Европските интеграции на Република Северна Македонија, предизвиците и можностите по октомврискиот самит на ЕУ”, ќе го отвори Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а свое обраќање ќе имаат и Џулијан Васал, Заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава и раководител на Оддел за политички прашања, Амер Капетановиќ, Шеф на политичкиот оддел при Советот за Регионална Соработка (RCC), Ерван Фуере, Поранешен евроамбасадор во Република Северна Македонија, како и Франсоа Лафонд, и Золтан Марку, советници на Османи делегирани во СЕП соодветно од владите на Франција и Унгарија.

На годишната конференција на Секретаријатот ќе биде направен пресек на досега сработеното во областа на европските интеграции, а ќе бидат отворени и темите поврзани со перспективите и очекувањата од новата Европска Комисија, иницијативите на клучните земји – членки за иднината на Европа, како и можностите на СЕП и воопшто на земјава, за усогласување со новите европски перспективи.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари