Денеска во Струга изложба во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

- Локални
305
Денеска со почеток во во 17:30 часот во ,,Пијано сала“ во хотел ,,Дрим“ ќе биде отворена изложбата во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
За  Струшките вечери на поезијата, Ацо Шопов рекол: „Струшкиот фестивал е величенствен поетски мост што ги поврзува сите континенти“.
Изложба e во организација на НУМ Струшки вечери на поезијата и  Фондацијата Ацо Шопов – Поезија во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“ под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.
Посетителите ќе имаат можност да погледнат фотографии од Душан Ѓоргон, а истите ги обработил Роберт Јанкуловски.
Strugaonline

Facebook Коментари