LTH Леарница вработува ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОД

За сите идни и веќе дипломирани инженери нудиме можност да бидете дел од идентификацијата, анализата и имплементирањето решенија во производствените процеци , вклучително анализа на трошоци, автоматизирање на процесите и решавање на комплексни проблеми, преку континуирана соработка и поддршка од страна на тимот инженери за развој во LTH Castings d.o.o.

ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид вработува:

ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОД

 Квалификации:

  • Диоломирани машински инженери-инженери од техничките науки / дадена предност со работно искуство како инженери за квалитет
  • Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
  • Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
  • Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
  • Управување со време, високо ниво на иницијативност и технички прецизна комуникација, аналитичност и способност за работа со рокови

Одговорности:

  • Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
  • Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
  • Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
  • Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
  • Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
  • Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

Нудиме:

  • Компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување, размена на знаења низ Групацијата
  • Покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Доброволно приватно здравствено осигурување
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати

____________________________________________________________________________________________________

www.lthcastings.com/careers

www.lthcastings.com

Рок на аплицирање 01/09/2023

* Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални апликации да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Facebook Коментари