Лев банер Десен банер

Денеска во Струга јавна дебата за дивата депонија

Дивата депонија во Струга, која со години претставува еден од најсериозните еколошки и здравствени проблеми во регионот, денеска ќе биде во фокусот на јавна дискусија насловена „Од дива депонија до европско решение – солуција за Струга“.

Настанот е организиран како продолжение на отворениот разговор „Кажи си ја маката“, на кој граѓаните ја посочија дивата депонија како еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат Струга и околните населени места.

Програмата ќе започне со теренска посета на депонијата, по што ќе следува јавна дебата во Europe House Struga, со почеток во 15:00 часот.

На дискусијата ќе учествуваат шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, градоначалникот на Струга, Менди Ќура, адвокатот и активист Глигорие Ќатоски, како и претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање.

По воведните обраќања е предвидена отворена дискусија меѓу граѓаните, институциите, експертската јавност и дипломатските претставници, со цел да се разгледаат можните решенија и конкретните чекори за конечно затворање и санација на дивата депонија.

Организаторите порачуваат дека е време проблемот да престане да биде тема само на разговори и да се премине кон конкретни активности и одржливи решенија во согласност со европските стандарди за заштита на животната средина.

StrugaOnline

error: