Денеска во Струга ќе биде отворена изложбата „Скршениот град – Скопје 26 Јули 1963 – 2009“

- Локални
664

Kaко резултат на меѓугалерска сорабтока на Музеј на град Скопје, Музеј Др. Никола Незлобински-Струга и Центар за култура „Браќа Миладиновци Струга“  денеска во 13:00 часот во Центарот за култура во Струга ќе биде поставена изложбата  „Скршениот град – Скопје 26 Јули 1963 – 2009“.  На истата ќе бидат поставени фотографии во форма на разгледници изработени пред, за време и после скопскиот земјотрес шт се случи во 1963 година.

Станува збор за колекција на фотографии од повеќе автори , како дел од колекцијата на Музеј на Град Скопје. Кустос на изложбата е Јасминка Намичева.

Љубителите на уметноста и музејските поставки во Струга, изложбата ќе имаат можност да ја посетат во следниве десет дена.

Strugaonline

Facebook Коментари