МЈП „Проаква“: Водата е заматена и не треба да се користи

- Локални
1030

МЈП Проаква Струга ги известува сите корисници на нејзините услуги на територијата на Општина Струга, дека поради  дефект водата е заматена и не треба да се користи додека не биде доведена во нормала.

„Бараме од сите корисници да го земаат во предвид ова известување и да не ја користат водата се додека не ги известиме за спротивното. Воедно ве известуваме дека по одржаните средби со претставниците на компанијата МХЕ Хидроцентрали, тие се заложија дека овој проблем ќе биде саниран во текот на оваа година и нема да се повторува повеќе.Ве молиме за разбирање.“ – додаваат од МЈП „Проаква“

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари