Денеска започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип

- Локални
86

Од денеска во Охрид и Струга започнува  бесплатната вакцинација против сезонски грип.

Право на ваква вакцина имаат лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени и здравствени работници и деца на возраст од 6 месеци до 5 години, а за тоа мора да обезбедат упат од матичен лекар на кој ќе биде назначен терминот за вакцинирање.

Друите категории граѓани кои не ги исполнуваат условите за бесплатна вакцина, можат да се вакцинираат по цена од 650 денари. Процесот на комерцијална имунизација започна во вторникот.

Strugaonline

Facebook Коментари