Директорите на училиштата во Струга сметаат дека новиот концепт за образование ќе предизвика многу потешкотии и проблеми

- Локални
510
Градоначалникот Мерко денеска одржа состанок со директорите на основните училишта во oпштина Струга, врз основа на нацрт-законот за основно образование во РСМ.
Целта на состанокот беше да се дискутира за новиот концепт во образованието и предизвиците при неговото спроведување.
-Сите раководители на училиштата едногласно се согласија дека во спроведувањето на новите наставни програми ќе има многу потешкотии, како за одделенската настава така и за предметната. Посебен акцент беше ставен на темите поврзани со електронски книги, елиминирање на традиционалниот дневник , електронска настава преку таблети и паметни (Smart) табли и други.-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека сите ставови кои биле искажани на состанокот, градоначалникот Мерко ќе и ги пренесе на  министерката за образование и наука, Г-ѓа. Мила Царовска на утрешната средба.
Strugaonline

Facebook Коментари