Директорот на Комуналното претпријатие Ислами оствари средба со претставници на Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“

- Локални
648
Директорот на Комуналното претпријатие Струга, Г-дин Иќмет Ислами, ги пречека на состанок претставниците на НУ Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“ Струга, кои воедно се заблагодарија за неуморната работа, придонесот и институционалната поддршка за почиста и поздрава средина во музејот во Струга.
Директорот на Комуналното претпријатие Струга детално го опиша функционирањето на ваквата соработка и изрази искрена благодарност до претставниците на музејот во Струга и вети дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина со секоја институција во Општина Струга под мотото,,За почиста Струга“.

Facebook Коментари