Дискусија за младински активизам во вторник во Струга

- Локални
525

Младиинфо Интернационал во соработка со Порака нова и Иницијатива за Независен Културен Активизам (ИНКА) Дримон фестивал  од Струга, организираат дискусија која ќе се одржи   на 26- ти ноември (вторник) со почеток во 11:00 часот во Спомен дом „Браќа Миладиновци”, Струга.

На планираната дискусија ќе се разговара за значењето на младинскиот активизам и како преку истиот се постигнуваат општествени промени.

„Не пропушајте ја оваа супер можност да придонесете со свои предлози и креативни решенија за тоа како да се подобри животот на младите во локалните заедници преку младинскиот активизам. “ -велат организаторите.

Агендата за дискусијата можете да ја видите на следниов ЛИНК

Овој настан се одржува во рамки на Проектот Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција и е  е финансиран од страна на Европската Унија.
Истиот го спроведуваат  пет организации од  Македонија, Србија, Црна гора,  Албанија и  Турција.

Strugaonline

Facebook Коментари