Во Вевчани промоција на книга за деца од авторот Наум Попески

- Локални
773

Во понеделник,  25-ти ноември, во  Клубот на пензионери во Вевчани ќе биде промовирана најновата по ред 20 –та книга „Дувни Дувни Ветренце“ од авторот Наум Попески. Книгата е наменета за најмладата популација.

На промоцијата која е закажана за 12:00 часот, покрај промоторите за авторот ќе зборува и неговиот соученик ,фото репортерот Стојан Кукунешоски од струшко Подгорци.

Наум Попески е роден во Вевчани, на 25-ти ноември 1947 година. Сега живее и твори во Скопје. Во родното место завршува основно образавоние, а гимназија во Струга. Потоа се запишува на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата македонски јазик и книжевност. Во 1971 година е примен во редакцијата на „Нова Македонија“ каде што го мина целиот работен век, како новинар и уредник на додадокот за најмладите читатели „Колибри“.

Автор е на повеќе книги за деца, меѓу кои поетските збирки:“Ајде да  растеме“,“Детелинка со четири листа“,“Изворчиња – поточиња“, “Една грешка – мака тешка“… Автор е и на првиот “Бонтон за деца“,како и “Дневникот на Мартина“,“Спомени во слики“ и друга детска литература.

Со името на Наум Попески, најмладите читатели  се сретнуваат и во читанките по македонски јазик за основно образование.Овој истакнат македонски автор за деца е застапен и во други книги – антологии на литературата за деца, преведуван е на повеќе европски јазици, а чест гостин е и на разни меѓународни фестивали на  литературата за деца.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

 

Facebook Коментари