Дислоцирана спомен-чешмата на ослободителите кај Мороишки мост

- Локални
2138

Деновиве на патот Струга-Дебар, кај Моришки мост, преместена е спомен чешмата од една страна на друга страна од патот  – односно лево од течението на река Црн Дрим.

Спомен чешмата беше дислоцирана со согласност на ОО СЗБ-Струга и општина Струга, за потребите на проширувањето на регионалниот пат Струга-Дебар, кај Мороишки мост.

Спомен обележјето на НОБ  е подигнато на осми oктомври 1941 година, во спомен наослободителите од овој регион, од страна на Сојузот на боречката организација на општина Струга.

На спомен плочата која е поставена на самиот споменик е испишан текстот:

„И ЖРТВИ СТРАЖАРИТЕ ПРЕД ПРАГОТ ДОМЕН.СЛОБОДАТА ГО ЧУВА ВАШИОТ ЗАВЕТ И ВАШИОТ СПОМЕН“ ( 8.11.1941 год)

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

 

Facebook Коментари