„ДримОН“ годинава ќе го јакне граѓанскиот дух преку уметност и уметничка продукција

- Локални
771

Фестивалот „ДримОН“  оваа година доживува трансформација односно реконструкција. -најавуваат организаторите.

Просто го расклопивме на сегменти и парчиња и ќе го раштркаме преку цела сезона. Јули и август, во Струга повторно ќе донесат содржини кои се препознатливост на фестивалот- од сега па натаму со многу повеќе фокус на она што е суштинска мисија на организацијата- јакнење на граѓанскиот дух преку уметност и уметничка продукција а помалку ентертејнмент и вечерни журки. “ – велат од таму.
За годинава ДримОН најавува филмски викенд, уметнички престои со ИН –Ситу и Ленд Арт интервенци, детска авантура со акцент на значењето на УНЕСКО регионот; работилница за компонирање;  семинар со носечката тема на програмата, книжевни промоции и други изненадувања.

Strugaonline

 

Facebook Коментари