Двајца стружани заработија кривични пријави за тешка кражба

- Локални
89

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.К. и 32-годишниот Б.П., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

– Во текот на март оваа година, со употреба на физичка сила, тие влегле во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Струга и одзеле повеќе апарати и бела техника, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 250.000 денари, информираат од МВР.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари