42 лица во Охрид и 3 во Струга казнети за неносење лична заштита

- Локални
81

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 69 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

Во Охрид се регистрирани најмногу прекршоци, 42, во Струга-3, Кичево-15, Дебар-9.

– На прекршителите им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 9 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари