Две лица во Струга возеле мотоцикл под дејство на алкохол

- Локални
547

При сообраќајни контроли извршени на 30.09.2021 од 08 до 13 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 11 возачи на моторни возила кои извршиле неправилно престигнување.
Полициските службеници од Струга затекнале и од сообраќај исклучиле две лица кои управувале мотоцикл под дејство на алкохол, додека во Кичево, санкционирани се шест возачи на моторни возила кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење со моторно возило.

Facebook Коментари