Струшките пензионери се вратија со медали од Републичките јубилејни пензионерски натпревари

- Локални
1229

На 29 – септември 2021 година,во Велес,каде што се одржаа 25-тите Републички јубилејни пензионерски спортски натпревари,струишките пензионери меѓу силната конкуренција на 32 здруженија на пензионери од републикава,се натпреваруваа во три дисциплини и тоа слободно фрлање на кош за жени и мажи и шутирање  пенали на мали голчиња –жени.

Струшките пензионери се прикажа во најсветла точка во  фрлање на кош – жени во состав:Павлина Кузманоска,Оливера Калајџиескаи и Марија Матоска,додека машката екипа во состав на Јован Јованоски,Стеван Голабоски и Љупчо Верушевски ,се вратија закитени со златни медали.

Додека пак натпреварувтчките во шутирање пенали на мали голчиња за жени во состав на Вилета Опетческа,Сузана Цветановска и Елена Димитриевска,го освоија третото место и се закитија со бронзени меделји,што им ги додели Сојузот на здуженијата на Македонија,а на здружението на пензионерите од Струга Благодарница за активно учество.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари