Џудо-херојот Доријан Петкоски слави роденден- џудо клубот ,,Дрим“ со изненадување за него

- Локални
880

Доријан Петкоски многу често знае да ја израдува Струга и стружани. Тој е врвен спортист, иако е на возраст од само 10 години и ученик во IV одделение во ООУ ,,Браќа Миладиновци”- Струга. Многу често, тема на разговор низ струшката чаршија, меѓу љубителите на спортот е неговиот спорстки ангажман и наградите кои што редовно ги добива, а се во огромен број. Доријан е член на џудо клубот ,,Дрим” од Струга и нема натпревар во џудо на кој што не учествувал во, но и надвор од границите на државава, а да не добил медал или висока награда. Досега има постигнато врвни резултати и тоа: 34 медали, од кои 27 се златни, 4 сребрени и 3 бронзени. Три пати по ред, Доријан е државен првак на Македонија,  а добил 3 пехари и 1 плакета. Најголемиот број на медалите се добиени од учество и постигнати резултати на меѓународни натпревари.

Освен со џудо, Доријан се занимава и со музика, цртање, а пишува и поезија. Неговиот талент е сестран. Секое слободно време го користи за да седне и напише по некој стих или пак да нацрта нешто што е плод на неговата моментална инспирација, а подоцна и да отсвири некоја нота или пак да запее и да ги расположи најблиските по дома.Исто така, тој е вешт математичар, а особено сака и да истражува по предметот Природни науки. Неговата учителка, Русанда Ќушкоска е горда на својот талентиран ученик, редовно го бодри и претставува негова голема поддршка, како и неговото училиште и учениците од неговото одделение.

,, Тоа е нашиот Доријан, малиот херој на нашиот град, на кого сите стружани сме особено горди.

Иако е мал по возраст, тој е голем спортист со високи резултати, со врвни успеси и е симбол и обележје на Струга.

Доријан, биди ни жив и здрав и уште многу успеси да си редиш, а ние сите ќе те бодриме и охрабруваме во твоите ангажмани зашто Струга е горда на тебе, ти си и ќе бидеш нашиот херој!„- велат од Џудо клубот ,,Дрим“ –Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари