Џудо клубот „Дрим“ и „Порака Нова“ склучија меморандум за соработка

- Локални
600

На ден 27.02.2020 год. склучен е меморандум за соработка помеѓу Џудо Клуб „ДРИМ” Струга и „Порака Нова” Здружение Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост. Со овој меморандум  започнува соработка и дружење помеѓу двете здруженија како и имплементирање на џудо спортот кај лицата со попреченост, со цел подобрување на здравствените бенефити како и психомоторните способности преку тренинг, игра, забава и дружење. Ова ќе биде уште еден доказ дека џудо спортот не познава бариери и граници.

Азра Дедиќ е европски првак од БиХ со попреченост, дали наредниот ќе биде од Македонија?

Strugaonline

Facebook Коментари