Формирано координативно тело во туризмот за превенција на можни штети од Корона вирусот (Covit-19)

- Македонија
530

На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денес се формираше коодринативно тело кое ќе има задача да ги превенира можните штети во туристичката индустрија од Корона вирусот (Covit-19).


Составено од 12 членови од 5-те комори и асоцијации за туризам, АППТ и претставници од министерството за економија, кординативното тело ќе се состанува еднаш неделно, а по потреба ќе ја зголеми и динамиката на состанување.
На предлог од страна на министерството за економија, координативното тело ќе го предложи директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски како претставик на туристичката индустрија во координативното тело на владата на Република Северна Македонија, со што ќе се засили координацијата и навремената размена на информации помеѓу туристичката идустрија и државните институции.
Координативното тело за туризам се согласи да ги комуницира и применува препораките од светската здравствена организација и дополително стави акцент на проценката на можните штети од Корона вирусот во туристичката индустрија. За таа цел, координативното тело ќе обезбеди податоци за можните штети и преземање на мерки со што ќе ги информира Министерството за Економија и Владата на Република Северна Македонија.
Дополнително, договорено е во текот на наредните три дена приватниот сектор да даде информации за договорите со авионската компанија WizzAir што лета за Италија со цел процена на можните штети на домашните компании.
Координативното тело за туризам за превенција на можните штети од Корона вирусот се согласи на координираност на приватниот сектор и државните институции при споделување на информации до јавноста со што ќе се овозможат релевантни, транспарентни и навремени информации согласно кои би се презеле соодветно координирани активности.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија испраќа апел до граѓаните дека будно ја следи ситуацијата со Корона вирусот на глобално ниво и препорачува да не се зголемува нивото на општа паника, туку во хармонизирана атмосфера туристичката индустрија да излезе како победник во соочување со овој тип на глобален предизвик.

Strugaonline

Facebook Коментари