Џудо клубот „Дрим“ од Струга секогаш се враќа со медали – бронза на натпреварот „IBAR KUP” во Црна Гора

- Локални, Спорт
1197

Изминатиов викенд ( 30,09.2017) џудо клубот „Дрим“ од Струга настапи на меѓународниот натпревар „IBAR KUP” кој се одржа во Розаје, Црна Гора.

Во конкуренција од над 400 натпреварувачи од цел Балкан, џудо клубот „Дрим“ се претстави со четворица натпреварувачи. Најуспешна во нашите редови беше Ана Марија Стојмиловска која освои бронзен медал, а во одлично светло се покажаа и Васил Томаноски, Стефан Попоски и Александар Шулески, но не успеаа да се закитат со медали.

Џудо-клубот „Дрим“ не застанува тука, следниот викенд ( 07.10.2017) ќе настапи на еден од најквалитетните меѓународни натпревари во Европа „BORSA OPEN“, во Мостар, Босна и Херцеговина, каде учествуваат повеќе од 1200 натпреварувачи од цела Европа.

Strugaonline

Facebook Коментари