Екипата на Лабуништа со најмногу уловени примероци на ,,Крап-куп 2020“

- Локални, Македонија
424

На„Крап- купот“ што  изминатиот викенд се одржа на Осломејско Езеро екипата од струшко Лабуништа „Кaрп – Фиш“  го освои првото место со најмногу уловени крапови во текот на педесетчасовниот риболовен спортски натпревар. Организатор на овој куп, кој прв пат се одржува ,беше спортското риболовно друштво „Хантер-Фиш“од Кичево.

,,Учествуваа повеќе екипи од земјава и странство .Учесниците имаа можност да ловат од петок изутрината до недела до 14 часот и по 50-часовен спортски риболов ,екипата Карп-Фиш од струшко Лабуништа имаше уловено најмногу примероци на крап (48) или вкупен улов од 178 килограми со што ја оправда фаворитската улога.,, – изјави претседателот на друштвото Тасим Тафилоски.

Второто место го освои екипата на БМ од Скопје со вкупен улов од 40 килограми ,а  на трето место со улов од 38 килограми се пласираше екипата од Струга.

-Најголемиот примерок со тежина од седум килограми го улови Агим Исламоски,член на екипата од Лабуништа со што остварија двоен триумф на овој пријателски крапоски натпревар –додаде Тафилоски.

Најдобрите три екипи и претставникот од Лабуништа Агим Исламоски што го улови најкрупниот крап добија пехари и благодарници кои им ги врачи градоначалникот Фатмир Дехари.

Текст :Стојан Кукунешоски

фото: архива

Facebook Коментари