Eкипата од „Порака нова“ освои второ место на Специјалната олимпијада

- Локални
892

Вчера во Спортско-рекреативен центар „Кале“ во Скопје се одржа кошаркарски турнир од Специјална олимпијада. Екипата составена од  штитениците на Центарот со интелектуална попреченост „Порака нова“ освоија второ место во конкуренција од осум екипи.

Натпреварите поминаа во спортска и пријателска атмосфера, преку ваквите настани, лицата со попреченост се социјализираат, се дружат и развиваат спортски вештини.

Strugaonline

Facebook Коментари