СП 2019: Македонија елиминирана, загуби од Исланд

- Спорт
543

Maкедонската ракометна репрезентација нема да биде дел од главната фаза на СП 2019 откако вчера загуби во одлучувачкиот натпревар со селекцијата на Исланд.

Првото полувреме од натпреварот ветуваше многу за нашата репрезентација со оглед на тоа дека бевме во предност речиси постојано, а на одмор отидовме со два позитива (13-11)

Второто полувреме донесе доста тешкотии за нашите ракометари и во нападот и во одбраната. Исланд ја стопи нашата предност а во 50-та минута го презеде и водството. Македонските ракометари се бореа до крајот на мечот , но сепак Исланд славеше со резултат 24-22.

После овој епилог, Македонската ракометна репрезентација ќе разигрува во Президент купот во кој се распределуваат од 13-то до 16-то место.

Strugaonline

Facebook Коментари