Еко-свест ги претстави резултатите од Истражувањето за состојбата во заштитеното подрачје Вевчански Извори

- Локални
96

По повод Меѓународниот ден на планината 11 декември, Еко-свест ги претстави резултатите од Истражувањето на здравствената состојба на Питом Костен во заштитеното подрачје Споменикот на Природа Вевчански Извори.

Истражувањето спроведено од страна на проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески од Факултетот за шумарски науки во Скопје имаше за цел да ја процени здравствената состојба на популацијата на питом костен во Споменикот на Природа Вевчански Извори, со особено внимание на болеста „рак по костенот“ предизвикана од габата Cryphonectria parasitica.

Исто така беа изработени Eдукативно видео и Eдукативна брошура за питом костен. Активностите се спроведени како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT).

StrugaOnline

Facebook Коментари