Rupicapra MTB Struga преку планински велосипедизам го одбележа 11 декември – Светски ден на планината

- Локални
98

Генералното Собрание на Обединетите Нации од 2003 година го назначи 11 декември за Светски ден на Планината. Од тогаш, секоја година овој ден се посветува за подигнување на свеста за важноста на планините во нашите животи, да се посочат можностите и препреките за одржливо управување со планините и за градење на позитивни примери кон луѓето кои живеат на овие места насекаде низ светот.

Нашата прекрасна Македонија е планинска земја. Речиси 80% од територијата на државата ја сочинуваат планините.

Македонија брои околу 70 планини и има неверојатно голем потенцијален за рурален туризам, како и за планински спортови.

– Денес го обележуваме денот на планината – наша инспирација и дом. Денес е совршен ден да се сетиме на важноста на планините во нашиот живот и да ја вреднуваме нивната улога во зачувувањето на екосистемите. Планината не е само место за авантура, туку и нашиот дом, извор на инспирација и сила. Како љубители на природата и планински велосипедизам, секој ден се поврзуваме со неа, уживајќи во нејзината убавина и моќ.Секој поминат метар по патеките на планините, да се потрудиме да оставиме само траги на гума, а не на отпад. – велат од велосипедското здружение Rupicapra MTB Struga.

StrugaOnline

Facebook Коментари