Во сабота со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, во рамките на Супер-лигата ќе се игра езерското дерби помеѓу РК Охрид и РК Струга. Натпреварите помеѓу овие две екипи предизвикуваат голем интерес и внимание кај љубителите на ракометот од регионов. Се очекува полна сала и расположени навивачки групи кои ќе го бодрат својот фаворит.
Во првата фаза од шампионатот овие две екипи се сретнаа два пати. Најпрво славеа ракометарите на РК Охрид, а во вториот натпревар победи РК Струга .
Strugaonline
Facebook Коментари