Фатен крадец кој украл 30.000 евра од куќа во Лескоец

- Локални
675

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Н.(26) од охридското село Вапила. Тој на 04.08.2020 година, со употреба на физичка сила и подесен алат, влегол во куќа во селото Лескоец и одзел 30.000 евра и 5.000 денари. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари