Филмот ,,Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно пред охридската публика

- Локални
1112

Филмот ,,Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно ќе се прикажува  на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид во петок 29.01.2021 година со почеток во 18.00 часот.

Играат: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска,Владимир Тулиев
Режија: Теона Стругар Митевска

Темата е несомнено интересна, а уште повеќе ветуваат и ликовите кои ја носат приказната, секако на чело со Петрунија, во улога на Зорица Нушева.

Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите.
Филмот не е наменет за лица помлади од 16 години.
На проекцијата ќе се почитуваат сите мерки и препораки за заштита од вирусот ковид 19.
Strugaonline

Facebook Коментари