Време-Облачно со врнежи од дожд и снег

- Македонија
320

Денеска ќе преовладува облачно време  со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места. Утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер од северен правец. На места ќе провејува слаб снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари