Градоначалникот Мерко во Струга го пречека маратонецот Красимир Георгиев

- Локални
171

Бугарскиот маратонец Красимир Геогиев ја започна втората етапа на ултра маратонот, почнувајќи од крајбрежниот град Варна до Драч (Албанија) . Вчера тој пристигна во Струга каде беше пречекан од страна на администрацијата и градоначалникот на Општина Струга .

Градоначалникот Мерко му честита и изрази поддршка за иницијативата на маратонецот, чија цел е да ги промовира подобрените добрососедските односи меѓу Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Мотото на ултра-маратонот е „Поврзување” и истиот е под покровителство на премиерите  Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама.

Георгиев се очекува да го заврши маратонот на 25 мај во Драч каде ќе го пречекат премиерите на трите држави на заеднички настан каде се очекува да дискутираат за важноста на пан-европскиот Коридор 8 и односите меѓу овие земји.

Коридорот 8 ги поврзува Јадранското и Црното море, а поминува и низ Северна Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари