Филмот „Куќата што ја изгради Џек“ од вечерва пред струшката публика

- Локални
629

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” -Струга почнувајќи од вечерва па се до 23-ти февруари со почеток во 20:30 часот ќе се проектира филмот The House That Jack Built (Куќата што ја изгради Џек). Станува збор за комбинација на жанровите драма, трилер и хорор.

Во објавената  кратка содржина се вели: „САД во 1970-тите. Приказната го гледи Џек во период од 12 години и ги претставува убиствата кои го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Ние ќе ја доживееме приказната од гледна точка на Џек, додека тој заклучува дека секое убиство е уметничко дело само по себе. Како што се прибижува неизбежната полициска интервенција, тој превзема се поголеми ризици во обидот да создаде врвни уметнички дела.“

Како ќе заврши неговата приказна, ќе имате можност да видите на една од проекциите во Центарот за култура во Струга. Билетите чинат 100 денари.

Филмот ќе има премиера на 21.02.2019 во киното Синеплекс, Кино Милениум, Фросина, Битола, Гостивар, Неготино како и на други места.

Strugaonline

Facebook Коментари