Филмот „Улиште“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид

- Локални
385
Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 21 и 22 септември 2022 година со почеток во 20 часот, цена на карта 100 денари.
„Улиште“ е филм за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“ и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски.

Facebook Коментари