Изложба на Владимир Младеновски со дела инспирирани од Струга и струшко денеска во Охрид

- Локални
63
Со изложба во малиот изложбен салон во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид, уметникот Владимир Младеновски одбележува пет децении ликовно творештво.
Тој се претставува со дваесет ликовни дела со мотиви од Струга и Струшко и родното Подгорци, пејзажи, мртва природа и староградска архитектура. Сите изложени дела се со маслени бои на платнени подлоги и имаат впечатливо лапидарна колористика, непроѕирност од складни преливи, најчесто од црвени, жолти, зелени и сини партии.
Во делата на овој македонски сликар, роден во струшкото село Подгорци, пулсира родниот крај каде се овековечува блесокот на боите со сета природна раскош и божја убавина. Студиозно им приоѓа на просторите, објектите, предизвиците и осмислено ги актуелизира најскапоцените и најсуштествените пораки и факти пренесени на платно.
Изложбата ќе биде отворена денеска. Влезот е слободен.

Facebook Коментари