Фолк пејачот Методија Столески ќе настапи на ,,Охрид фест-Охридски трубадури 2020“

- Локални
791

Mладиот фолк пејач од Струга, Методија Столески, ќе настапи на фестивалот ,,Охрид фест-Охридски трубадури’ што ќе се одржи на 11-ти септември годинава.

Столески ќе ја испее песната ,,Играј моме убаво“ ,  која е авторско дело на Огнен Неделковски (текст),  Петар Кан (музика и аранжман).

Фестивалот ,,Охрид фест-Охридски трубадури“ поради состојбата со вирусот, годинава ќе ја одржи само фолк вечерта.

Поради пандемијата со КОВИД 19, Методија го откажа својот настап на ,,Принт фест“ во Бугарија.

Столески има добиено низа награди и признанија на повеќе фестивали во земјава и странство.

Strugaonline

 

Facebook Коментари