Голема хуманитарна акција денеска и утре во Струга

- Локални
342
Комисијата за еднакви можности при советот на Oпштина Струга, заедно со координаторот на проектот, во соработка со Црвен Крст Струга, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8-ми март, а во рамки на реализација на годишната програма за активности од областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Струга за 2021 година, организира хуманитарна акција.
-Хуманитарната акција се состои од собирање на чиста облека, храна и хигиенски средства која ќе се донира во семејства од социјално ранливи категории, корисници на социјална парична помош и самохрани родители.-информираат организаторите.
Тие ги повикуваат сите хумани луѓе,  чистата, неоштетена облека која не ја користат, храна и хигиенски средства да ја достават во Сала на Советот на Општина Струга ( до зграда на Народна одбрана) денеска и утре ( 8-ми и 9-ти март) во периодот од 11.00- 15.00 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари