Големиот синџир продавници за производи за домот „Comodita Home“ отсега и во Струга!

- Локални
4050

Во сабота (24 август) Comodita Home ја отвора десетта продавница во Македонија, во Струга. Големото отворање е закажано за 12:00 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман производи. Продавницата е лоцирана во близина на градскиот пазар во Струга, од страната на Кам маркет.


Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 4.799 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, сет чаршафи, сет прекривачи за кревет, сет бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст. Новата колекција на додатоци ќе го осветли и разубави секое катче од домот.

За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, посебно за оние кои сакаат да го заменат својот стар душек со нов, Comodita Home ја креираше најдобрата понуда на пазарот. За вашиот стар душек ќе бидете наградени со 50 ЕУР кои може да ги искористите за купување на нов душек Comodita Memory кој е на 50% попуст. Транспортот се врши од страна на Comodita Home. Доаѓаме по стариот душек и ви го доставуваме новиот.

„Дојдете во сабота на 24 август во 12 часот и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продавницата на Comodita Home во Струга, во близина на градскиот пазар од страната на Кам маркет.“- велат од тимот на Comodita Home.

Strugaonline

Facebook Коментари