Време: Променливо облачно со сончеви периоди

- Македонија
395

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со услови за локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредонст 7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 39 степени. Утре ќе биде променливо облачно, попладне на запад со услови за локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 6, а дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 38 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари