По повод Денот на аутизмот, Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности ЦКА-ПХВ во соработка со ООУ “Браќа Миладиновци”, Здружението за грижа за лица со посебни потреби „КФДК“-Струга и Здружението ,,ОРТУС“ oрганизираше парада за поддршка на децата со аутизам.

Парадата се реализираше од ООУ ,,Браќа Миладиновци” до чаршискиот мост. На самиот мост беше поставен штанд со кутија и продукти за помош.

Присутни во оваа активност беа над 100 деца и млади.

Целта на овој настан беше да се подигне свеста за лицата со аутизам.
Strugaonline
Facebook Коментари