Градоначалникот Менди Ќура и владина делегација вчера ги посетија проектите во Струга
Инфраструктурниот развој, заштитата на животната средина и подобрувањето на условите за живот на граѓаните беа во фокусот на теренската посета на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со владината делегација.
Во рамки на посетата беа разгледани инфраструктурните проекти на Туристичката улица и Источниот колектор, кои имаат значење за идниот развој на градот, унапредувањето на комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина.
Притоа беше презентирано значењето на овие инвестиции, како и нивната улога во создавањето услови за одржлив урбан и туристички развој на Струга.
Градоначалникот Менди Ќура посочи дека реализацијата на проектите од стратешко значење бара координирана соработка и континуирана поддршка од централната власт. Според него, за успешно спроведување на планираните инфраструктурни активности неопходно е партнерство меѓу локалните и државните институции.
Од Општина Струга порачуваат дека остануваат посветени на реализација на проекти кои директно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и создавање предуслови за долгорочен развој на градот.
Очекувањата се дека соработката меѓу локалната и централната власт ќе резултира со конкретни инвестиции и видливи промени на терен, особено во делот на инфраструктурата и заштитата на природните ресурси по кои Струга е препознатлива.
StrugaOnline

