30 дена притвор за Кристијан Корабоски
Кристијан Корабоски (31), обвинет за нападот врз 26-годишната Сара од Охрид, доби 30 дена притвор. Против него вчера беше поднесено обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Според обвинението, Корабоски во ноќта меѓу 14 и 15 ноември физички ја нападнал девојката, при што таа изгубила свест, а потоа ја исфрлил од автомобилот на улица во Охрид.
Од Основното јавно обвинителство Охрид информираа дека станува збор за насилство при кое обвинетиот противправно ја лишил од слобода, физички ја нападнал, ја повредил и ѝ ја загрозил сигурноста.
StrugaOnline

