Градоначалникот Менди Ќура оствари работна средба со претставници на НУ Музеј „Др. Никола Незлобински“
Градоначалникот Менди Ќура оствари работна средба со претставници на НУ Музеј „Др. Никола Незлобински“, на која беше потенцирана важноста од продлабочување на соработката меѓу локалната самоуправа и културните институции во насока на унапредување на туристичката понуда на градот.
На средбата присуствуваа в.д. директорката Цветлана Василевска, кустос биолог Сејмира Дибра-Ќура и виш кустос биолог Данче Аџиоски, кои заедно со градоначалникот дискутираа за конкретни чекори и иницијативи за поголема промоција на културното и природното наследство на Струга.
Посебен акцент беше ставен на улогата на музејот како значаен чинител во креирањето на автентична и привлечна туристичка понуда. Присутните се согласија дека е неопходен поинтензивен и современ пристап во промоцијата, со користење на нови алатки и заеднички активности што ќе ја зголемат видливоста и препознатливоста на градот на домашно и меѓународно ниво.
Од Општина Струга истакнаа дека остануваат цврсто посветени на јакнење на меѓуинституционалната соработка, препознавајќи ја како клучен двигател за одржлив развој, афирмација на културните вредности и позиционирање на Струга како современа и конкурентна туристичка дестинација.
StrugaOnline

