Градоначалникот Мерко оствари средба со Евроамбасадорот Самуел Жбогар

- Локални
609

Градоначалникот на Општина Струга, заедно со шефот на кабинетот, Г-дин. Дашмир Насуфи, одржа средба со амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, како и со претставници на Делегацијата на Европската Унија, кои го посетија средното училиште „Ибрахим Темо” како дел од  кампањата „Месецот на Европа“ или 9 -ти мај одбележан како Денот на Европа.

На средбата се разговараше за теми кои ги засегаат младите и нивната иднина, проблематиките меѓу локалната и централната власт како и можна соработки и проекти со Делегацијата на ЕУ.

Градоначалникот Мерко го покани Амбасадорот Жбогар да ја посети Општина Струга повторно,  за поопширно да разговараат околу проблематиките на локалната власт и за можни соработки во иднина. Амбасадорот Жбогар најави дека во скоро време ќе ја посети Струга повторно.

Strugaonline

Facebook Коментари