Хуманитарен концерт „Со срце за Мартин“ во Драслајца

- Локални
1483

Во понеделник, 3-ти јуни, во село Драслајца ќе се одржи хуманитарен концерт „Со срце за Мартин“.

„Хуманитарниот концерт се организира со цел да му покажеме дека во борбата не е сам и да се потрудиме да му помогнеме повторно да застане на нозе. Заедно можеме се’ зашто неговата младост и ведрина тоа го заслужува.“ – велат организаторите.

Концертот ќе се одржи на полигонот во Драслајца со почеток во 19:00 часот, а од срце за Мартин ќе настапат: Група Зарина, Стил Бенд, Романтик Бенд, Антонио Пејоски, Рефреш бенд, Дамјан Стојаноски, Спасен Силјаноски, Влатко Миладиноски, Спасе Матлиоски, Ангел Стојкоски и Ристе Ристески.

Бидете хумани, сите заедно да обезбедиме средства за Мартин да замине на лекување во Русија и од таму да добиеме убави вести!

Strugaonline

Facebook Коментари